Поранешната претставничка на Републиканската партија, Лиз Чејни, за Си-Ен-Ен изјави дека во Републиканската партија има „Путинско крило“, по последните изјави на Доналд Трамп за НАТО и Русија и молкот на Трамп во врска со смртта на Алексеј Навални.
„Мораме сериозно да разбереме до кој степен крилото на Путин во Републиканската партија сега е силно. Верувам дека најважната цел во овој изборен циклус е да се осигура дека Путиновото крило на Републиканската партија нема да го преземе западното крило на Белата куќа“, рече Чејни.
Претседателот Џо Бајден го обвини Владимир Путин за смртта на Навални.
„Нема дилема. Путин е одговорен за смртта на Навални. Путин е одговорен. Она што му се случи на Навални е уште еден доказ за бруталноста на Путин. Никој не треба да се залажува со тоа“, рече Бајден.
Во меѓувреме, Трамп лично не ја објави смртта на Навални, што во некои републикански кругови предизвикува загриженост за врските на Трамп со Путин.