Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцина против корона

by Фокус

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе започнат околу 27 јули. Станува збор за третата клучна фаза на тестирање кај луѓе на вакцината позната како mRNA-1273.

Клиничкото испитување го води Националниот институт за здравство (NIH), а американската влада инвестираше близу половина милијарда долари во проектот на концернот „Модерна“.

Завршните клинички испитувања ќе бидат спроведени на 87 локации во САД, при што ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни луѓе за кои има голема веројатност да бидат заразени со коронавирус.\

Во текот на студијата ќе се спореди бројот на новозаразени меѓу оние кои ја примиле новата вакцина и оние кои примиле плацебо.

Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 држави и во градот Вашингтон. Половина од нив се сојузни држави тешко погодени од епидемијата, како Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Аризона и Северна и Јужна Каролина.

Поврзани новости