Американска амбасада за „Пуч“: Со загриженост ја следиме кривичната за Заев и апсењето на уште три лица

by Фокус

Амбасадата на САД со загриженост го следи кривичниот случај против лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и апсењето на три други лица за наводен обид за загрозување на уставниот поредок, се вели во соопштението на Амбасадата.

– Ги повикуваме властите да ги задоволат највисоките стандарди на правната држава, транспарентноста, принципиелноста, заштитата на слободата на говорот, како и судската независност во текот на процесот, за да се осигура интегритетот на демократските процеси во Македонија – се наведува во соопштението од американската Амбасада.

Поврзани новости