640
Американската амбасада во Скопје денеска објави реакција за вчера одржаните парламентарни избори. Оттаму не ги коментираа резултатите, туку им се заблагодарија на сите вклучени за безбедно спореведените избори во време на пандемија.
-Како први избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување преговори со ЕУ, овие избори се важен чекор за демократијата, велат од Амбасадата.