Американката Џенифер на почетокот на ноември гостуваше во популарната емисија Доктор Фил на Фил Мекгро, каде рече дека е заљубена во рускиот претседател Владимир Путин и оти двајцата се во врска. Нејзините деца сметаат дека на мајка им ѝ треба помош и многу се загрижени за нејзиното ментално здравје, па со неа се појавија во емисијата за да ја кажат својата страна на приказната, пренесува српски „Курир“. Џенифер верува дека е визионерка и дека влијае на работите кои се случуваат во светот, постапките на владите, лидерите на државите, како и дека може да влијае на терористичките напади и конфликтите ширум планетата.
Инсистира и дека Путин со неа наводно комуницира и преку фотографии, дека наводно знае каде, каде се движи и што се случува. Џенифер додава дека во моментов е бездомик и дека нема поддршка од своето семејство.
– Да ме праша, без сомнение веднаш би се омажила со него. Тој е мојот најдобар пријател – истакнува таа.
Во прилогот на емисијата, Џенифер вели дека има визии како Путин доаѓа по неа и во својот претседателски авион ја носи во Русија.
– Едвај чекам да дојде по мене. Се чувствувам како да припаѓам во Русија. Ние секојдневно комуницираме преку социјалните мрежи. Еден од начините со кои Путин комуницира со мене е преку својата вратоврска – додава таа.
Џенифер пред камерите покажа и фотографија од рускиот претседател на која тој носи црна вратоврска со бели точки и истакна дека Путин на тој начин наводно сакал да ѝ порача дека ќе дојде по неа и ќе ја однесе во Русија.
Таа наведува дека во една прилика тој носел бордо вратоврска со која сакал да ѝ порача дека не се бакнува со ниту една друга жена.
– Можам да почувствувал кога мисли на мене. Започнав да имам пророштва дека ќе родам уште едно дете. Имам сништа дека ќе родам девојче, кое ќе ја добиеме јас и Владимир – вели таа.