Повеќе од 60 луѓе загинаа во снежната бура што ги погоди САД, меѓу кои и 22-годишна жена од Бафало, која пред смртта испратила неколку видеа до семејството на кои се гледа како била заробена во нејзиниот автомобил, најмалку 18 часа пред да биде пронајдена мртва.
Андел Тејлор била заробена во својот автомобил во снежна бура додека се враќала дома од работа во Бафало во петокот попладне.
За тоа време, таа споделила серија видеа со нејзините сестри во Северна Каролина.
На последното видео, кое било направено нешто по полноќ, се гледа како таа се спушта по својот замрзнат прозорец за да го види возилото за итни случаи во близина, кое исто така било заглавено со запалени светла.
Anndel Taylor, 22, died in her car after being trapped by Buffalo blizzard while driving home from work. She was found after 18 hours. She sent her family this final video from inside the car. pic.twitter.com/w8GBwR9UOm
— Mike Sington (@MikeSington) December 27, 2022