Американецот со македонски пасош, Ти Џеј Шортс е МВП на Евролигата за ноември

by Fokus

Плејмејкерот на Пари Сен Жермен, Американецот со македонски пасош – Ти Џеј Шорц беше прогласен за МВП на најкорисен играч во Евролигата во месец ноември.

На пет натпревари во ноември, тој имаше просек од 19,6 поени и 8,4 асистенции и корисен индекс од 25.

Францускиот тим победи на сите четири натпревари.

Евролигата во официјалното соопштение му посвети текст во кој ги објаснува сите достигнувања што ги направил во ноември:

„Откако ги победија Партизан и Жалгирис дома, Шорц и неговиот тим ја шокираа Барселона, по што го победија Ефес на гости. На крајот на месецот Париз го победи Виртус и седна на врвот на табелата. Против Партизан, Шортс постигна две слободни фрлања на 22 секунди до крајот за да му помогне на Париз да го врати водството, каде Париз на крајот славеше. Кога Жалгирис дојде во градот, Шорц постигна 21 поен – третпат кога надмина 20 поени оваа сезона. Тој ја продолжи својата серија со 24 поени и 9 асистенции на домашен терен…“ велат од Евролигата.

Поврзани новости