578
Американските авиокомпании Делта ерлајнс и Американ ерлајнс, одлучија денеска привремено да ги прекинат сите летови од САД кон Кина.
„Последниот лет за Кина од САД ќе биде в понеделник, 3 февруари, а последниот од Кина на 5 февруари“, соопшти компанијата Делта Ерлајнс. Тие прекинуваат летови до 30 април. Американ ерлајнс прекинува со летови за Кина до 27 март.
Стејт департментот денеска издаде препорака до американските граѓани да не патуваат во Кина поради можна зараза со новиот тип на коронавирус.
Пекинг го осуди тој потег нагласувајќи дека „зборовите и делата на некои американски официјални лица не се втемелени на факти“.