Најмалку 13 лица загинаа како последица на високите горештини што го зафатија југоисточниот дел на САД, додека метеоролозите го најавуваат првиот топлотен бран годинава за Калифорнија.
Меѓу оние кои загинаа како последица на жештините е и маж кој почина доцна во неделата во Шривепорт, Луизијана, што е втор смртен случај во невообичаено топол јуни за државата, пренесува АП.
49-годишен маж од соседниот Босиер Сити бил пронајден како лежи на тротоар во Шривепорт, каде температурата достигнала 36 степени Целзиусови, околу пет степени над просекот за тој период од годината.
Се верува дека жештината е причина за смртта на 62-годишна жена во Китвил, која ја пронашле нејзините роднини откако неколку дена била без струја поради претходното силно невреме.