Администрацијата во Вашингтон најави нови 800 милиони долари воена помош за Украина, за првпат вклучувајќи артилериски системи, борбени дронови и хеликоптери, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
– Тоа ќе бидат истите, но и нови потенцијали досега неиспорачани на Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Меѓу досега неиспорачаната помош, најголеми парчиња ќе бидат советските хеликоптери Ми-17, што САД ги пренасочија од Авганистан во Украина. Таа ќе добие 11 такви хеликоптери. Потоа, малите дронови „Свичблејд“ познати и како „камикази дронови-убијци“, 300 парчиња. Тие дронови можат да уништуваат војници и возила.
И за првпат, Украина од САД ќе добие и хаубици што испалуваат артилериски проектили врз мети на голема далечина. Такви Киев ќе добие 18, заедно со 40.000 полнења муниција за нив. На листата се и крајбрежни морски дронови за одбрана од руските бродови на Црното Море, 200 оклопни транспортери, радари против артилериски оган AN/TPQ-36, како и заштитна опрема од биолошки, радиолошки и нуклеарни напади.