Америка на 5-ти ноември ни кажа дека Русија ќе ја нападне Украина, рече Пендаровски

by fokus

Американските разузнавачи ни ја дадоа информацијата дека Русија ќе ја нападне Украина, изјави претседателот Стево Пендаровски.

– Ја споделивме веднаш со институциите кои се под нас. Тоа беше на ниво на информација. Следниот месец, големите медиумски сервиси не веруваа во тоа, но кон крајот на декември, НАТО и ЕУ потврдија дека информацијата е точна.

Без паника на населението, ние се апдејтиравме во армијата, а ресурсите на разузнавачката служба беа насочени кон истокот за од таму да добиеме некаква информација. Во делот на стоковите резерви ние не чекавме 24 февруари, туку обезбедивме до грам се што треба, рече Пендаровски вечерашното гостување на Топ Тема.

Поврзани новости