Америка ги забрзува смртните казни за масовните убијци

by Fokus

Американскиот државен обвинител Вилијам Бар подготви нацрт закон со кој би се забрзало изрекувањето смртни казни за лицата кои извршиле масовно убиство, соопшти денеска Белата куќа.

Од кабинетот на американскиот потпретседател Мајк Пенс соопштија дека таквата мерка ќе биде дел од законот за оружје, што Белата куќа планира да го поднесе до Конгресот.

Белата куќа работи на мерки за спречување на вооружено насилство по неколкуте неодамнешни масакри.

Поврзани новости