430
Пратеникот Амди Бајрам, денес остана без својата десна рака, Реџеп Али Купи, кој по девет години е разрешен од функцијата директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците и припадниците на заедниците.
Веста за разрешувањето Реџеп ја сподели на својот Фејсбук профил.
,, После девет години работа во Министерството за образование и наука, од работното место си заминувам горд на резултатите што успеав да ги постигнам заедно со колегите од Управата и останатите сектори во Министерството. На сите нив неизмерно сум им благодарен за целата поддршка што континуирано ми ја даваа и за се што направија во текот на нашата заедничка работа.
Искуството што го стекнав со нив, за мене е непроценливо вредно.
Во однос на постигнатото, убеден сум дека со тимот можевме повеќе да направиме, но поради одредени причини и околности тоа не се случи.
Жал ми е што не успеав да придонесам за образованието на останатите заедници, колку што успеав да постигнам за ромската. Се надевам дека новиот директор, Милутин Станчиќ ќе придонесе повеќе’’ – информираше тој.
Амди Бајрам никогаш не криел дека Реџеп е негов човек од доверба. Неретко, кога медиумите имале некое прашање за него, тој знаеше да каже – Барајте го Реџеп, тој дури поубаво и од мене ќе ви каже. Десна рака ми е човекот!
Вики Клинчарова