Пратеникот Амди Бајрам, по шест месеци пауза од собраниската говорница, на денешното гласање за преодната влада излезе да посочи дека нема да гласа за изборот на министри од редовите на СДСМ.
Тој рече дека опозицајата немало зошто да биде дел преодната Влада, бидејќи претходниот пат опозициските министри сами одлучиле да дадат оставки. Бајрам се повика и на Господ, со чија помош рече дека СДСМ ќе добиела двојно поголема казна на претстојните избори.
-Време е после шест месеца на говорница да ислеам и да ви ја кажам вистината. Шест месеци слушав циркузи ранзи и само простудирав. Вие од СДСМ што сакате и што барате вие техничка Влада во Собранието, пак да ги вратите министрите? Па кој ве избрка? Што си ги дадовте оставките? Кој ги избрка министрите? Самите дадоа оставка, а сега плачете пак да влезете. Кај го има тоа? Шалио сам се, сега те сакам – сега не те сакам жено. Нема тоа, брак е брак, се знае тоа. Ова го има само во Македонија, најдовте па зајдовте – рече Бајрам.