Првото ексклузивно интервју со Амбер Херд по судењето привлече огромно внимание, а меѓу останатото, актерката призна дека сè уште го сака бившиот сопруг.
Во вториот дел од интервјуто за NBC News, Херд проговори за нејзините чувства кон Џони Деп.
-Го сакам. Апсолутно го сакам со целото срце. Се обидував најдобро што можев нашиот длабоко нарушен однос да функционира, но не успеав – вели Амбер.
Таа истакна дека нема негативни чувства кон Деп и не му посакува такво нешто.
-Не му замерувам за ништо. Знам дека можеби тоа е тешко да се разбере или би можело да биде многу едноставно ако некогаш сте сакале некого. Би требало да биде едноставно – додаде таа.
Ова интервју е првото обраќање на актерката откако е должна да му исплати отштета на Џони од 15 милиони долари.