504
Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски, е повикан на консултации во МНР, објави Канал 5. Повикот му бил упатен денеска, но причините се уште не се откриваат.
Се очекува Жерновски наредните денови да допатува од Букурешт во Скопје и да седне на консултации со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.
Жерновски на амбасадорското место во Романија замина во октомври лани, а пред да седне во амбасадорското столче ја извршуваше функцијата заменик министер за надворешни работи.
Освен Жерновски, на консултации во МНР беа повикани и амбасадорот во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски, како и македонскиот амбасадор во Рим, Весел Мемеди.