375
Амбасадорот Ѓорѓи Филипов ќе биде координатор на Меѓународната група на експерти од Република Северна Македонија за трговски марки, и имињата и другите облици на интелектуалната сопственост, кои со колегите од Грција ќе работат за постигнување на взаемно прифатливи решенија за овие прашања, согласно обврските од Договорот од Преспа, потпишан на 17 јуни 2018 година.
Филипов е назначен за координатор на денешната 140-та редовна седница на Владата.