Амбасадорот Атанасов се дружеше со Андреа и со тимот на МРТ во Букурешт: Тимот е европски!

by Fokus

Македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов, на официјалната страница на Амбасадата објави фотографии од дружбата со нашата евровизиска претставничка Андреа, која гостуваше во Романија на тамошниот избор на песна за Евровизија.

Тој откри дека во Букурешт се дружел со Андреа, но и со тимот на нашата евровизиска делегација, шефицата Мери Попова, Александра Јовановска, како и композиторот Александар Масевски.

-Гостувањето на македонската претставничка на Евровизија на романската национална телевизија – TVR 1 претставуваше еден од посветлите моменти периодов. Нашата Андреа ја изведе својата песна “Circles” на изборот за песна со која Романија ќе се претстави во Торино.

Ми беше задоволство да поминам малку време во Букурешт со тимот на МРТВ предводен од шефицата на евровизиската делегација, Мери Попова, заедно со Александар Масевски и Александра Јовановска.

Тимот е европски, а амбасадата ѝ посакува среќа и успех на Андреа во Торино која ќе биде нашиот најдобар амбасадор на културата – порача Атанасов.

 

Вики Клинчароца

Поврзани новости