630
Aмериканската амбасадорка Кејт Мари Брнз по повод Денот на благодарноста, националниот празник на САД однесе традиционални пити во Институтот за јавно здравје, во знак на благодарност за нивната работа и посветеност во борбара со Ковид-19..
-Во оваа тешка година сме толку благодарни на здравствените работници на фронтот тука во Северна Македонија и низ целиот свет, рече Брнз.
На настанот беше присутен и министерот за здравство Венко Филипче и директорот Шабан Мемети кој на неговиот фејсбук-профил порача дека здравствените работници, луѓето кои се на првата линија на фронтот со Ковид-19 и неуморно се борат за секој човечки живот ја имаат целата благодарност на овој свет.