521
Амбасадорите на ЕУ усвоија компромисен текст за визна либерализација за Косово пред неговото конечно усвојување во Советот на ЕУ, објави чешкото претседателство со ЕУ на Твитер, наведувајќи дека Косово направило уште еден чекор на својот европски пат.
На почетокот на 2023 година, визната либерализација за Косово треба да биде потврдена од Советот на ЕУ и Европскиот парламент.
Визната либерализација ќе им овозможи на граѓаните на Косово да патуваат и да останат до 90 дена во ЕУ без виза во кој било период од шест месеци.
Режимот за безвизно патување ќе почне да се применува од датумот на започнување со работа на Системот за информации и овластувања за патување на ЕУ (ETIAS), а во секој случај најдоцна до 1 јануари 2024 година.