685
Раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски денес оддржува серија средби со дипломатски претставници.
Според неофицијални информации од ДПМНЕ, оддржале средби со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, како и со директорот на американскиот Стејт Департмент за Југоисточна Европа Даниел Костеланцик.
Исто така, од опозициската партија посочуваат дека оддржале средби и со претставници на Националниот демократски институт (НДИ) и со Интернационалниот републикански институт (ИРИ), најавувајќи дека за содржината од средбите ќе информираат преку официјално соопштение.