Амбасадорите на САД, Џес Бејли, на ЕУ, Аиво Орав, на Германија, Кристин Алтхаузер, британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, француската амбасадорка Лоренс Оер и италијанскиот амбасадор Массимо Белели, денеска во седиштето на ДУИ во Чаир ќе остварат средба со првиот човек на партијата, Али Ахмети.
Според соопштението од ДУИ, на средбата ќе се разговора за безбедносната ситуација и политичката криза во Македонија.
На вчерашната средба со премиерот Груевски, амбасадорите искажале разочараноста од отсуството на било каква владина реакција за откритијата на опозицијата. Тие го предупредиле премиерот дека со ваквото однесување е загрозена евроатланската перспектива на земјата.
Најавија дека средба освен со Ахмети, ќе остварат и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.