Амбасадата на САД во Скопје целосно ја поддржува одлуката на обвинителството да ги испита сите наводи за корупција и да ги гони како оправдани, засновани врз законот и веродостојни факти.
-Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да биде одговорен, велат од Американската амбасада за „360 степени“, по притворот на шефицата на СЈО Катица Јанева за случајот „Рекет“.
За САД важно е да се потенцира дека Специјалното јавно обвинителство игра важна улога во напорите на Северна Македонија да ја покаже посветеноста на земјата за независно судство и одговорност за минатите криминали и корупција.
– Ова ќе осигура дека Специјалното јавно обвинителство може да продолжи со својата важна работа и да продолжи да ги следи своите случаи без прекини, што пак ќе и помогне на Северна Македонија како што напредува во интеграција кон НАТО и Европа, велат од Амбасадата на САД во Скопје.