474
Откако пејачката Тамара Тодевска на вчерашното одбележување на националниот празник на САД – 4 јули не ја испеа строфата од македонската химна во која се споменуваат националните херои, со соопштение се јавија и од Амбасадата на САД во земјава.
„САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги за славењето на нашата независност со нас минатата ноќ. Ние разбираме дека грешките може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, стои во соопштението.