Амбалажата, шприцот и документите од првата вакцина во САД стануваат музејски експонати

by Fokus

Амбалажата во која беше првата доза од вакцината против корона која беше вбризгана во САД на 14 декември минатата година, е изложена во Смитсониан, Националниот музеј на американската историја во Вашингтон , како дел од збирката предмети поврзани со епидемијата  со кои оваа институција сака да го документира овој период, пишува „Гардијан“.

Болницата „Нортвел“ во Њујорк, каде медицинската сестра Сандра Линдзи прва во САД прими вакцина против коронавирус од „Фајзер/Бионтек“, му ја подари амбалажата на музејот заедно со шприцот, документот за вакцинација на медицинска сестра и униформата што таа ја носеше тој ден.

-Овие се сега историски предмети кои сведочат за извонредниот научен напредок постигнат во борбата против епидемијата од коронавирус и претставуваат надеж за милиони луѓе погодени од кризата предизвикана од епидемијата, изјави управата на музејот.

САД се најпогодената земја во светот од коронавирусот со повеќе од 528 000 починати, и повеќе од 29 милиони заразени.

 

Поврзани новости