Со илјадници амандмани опозицијата денеска ќе се обиде да ги блокира измените и доплнувањата на Законот за јавнообвинителската служба со кои треба да се регулираат правата, должностите и одговорностите, како и системот на плати, додатоци и надоместоци на вработените во поранешното Специјално јавно обвинителство, како континуитет во работата по предметите што ги отвори.
Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ која ги поднесе амандманите, измените не можат да поминат бидејќи целта, спроед нив, била да се заобиколи законот за Јавно обвинителство и државниот обвинител да добие ингеренции кои не му следуваат, а поврзани со вработените во СЈО.
-Се додека постои голем сомнеж за сторен криминал, за незаконски земени награди и за злоупотреба на службената положба од страна на сите специјални јавни обвинители и голем број истражители и нивни соработници сметаме дека не треба да има било какво легализирање на тие сомнежи за незаконито работење. И затоа инсистираме, доколку собраниското мнозинство има искрена намера, да ја гласа нашата иницијатива за формирање анкетна комисија за увид во материјално-финансиското работење на СЈО, образложи пратеникот Антонијае Милошосоки.
Премиерот Зоран Заев, пак, вели дека со измените на законот ќе се даде можност ЈО да ги потпишува сметките за струја, вода и одржување, за исплаќање плати на вработените во поранешното СЈО, како и за чување на материјалите.
Поднесените илјадници амандманни, според него, праќаат нечесна и недржавничка порака до граѓаните и правосудството.
– Тоа го блокира оној што има интерес од таквата работа. Треба сите да помогнеме на правосудството, и Парламентот и извршната власт, ако сакаме да го јакнеме, и вакви блокади не ни се потребни, истакна Заев.
Неклкумината пратенции кои ги предлагаат измените што денеска се на дневен ред на Комсијата за политички систем и односи меѓу заедниците, велат дека главна цел е пополнување правната празнина во однос на јавнообвинителските службеници во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.