Македонија ја растури Ерменија, шансите за бараж се живи!

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација издвојува убедлива победа од 0:5 на гостувањето кај Ерменија во рамките на квалификациите за Светското првенство 2022 и со тоа го одржа живи шансите за пласман на ова натпреварување.

Тимот на Благоја Милевски покажа одлична игра и во првиот дел од натпреварот два пати ја затресе мрежата на Ерменија, за на крајот да стигнат до висока победа од 0:5.

Македонија сега има 15 бодови и е втора на табелата зад Германија, а Романија има 13 бодови но и натпревар помалку.

Во недела со почеток од 18 часот ја пречекуваме селекцијата на Исланд во последниот натпревар од квалификациите за СП. Неопходна ни е победа, но за второто место треба да чекаме кикс и на Романија која вечерва го пречекува Исланд, а во недела му гостува на Лихтенштајн.

Фото – ФФМ

Поврзани новости