612
Во вторник ќе заседава Ценералното претседателство на Алтернатива во однос на поканата за средба од страна на премиерот Зоран Заев. Ова од Алтернатива го истакнаа денеска за „Фокус“.
Тогаш Централното претседателство на Алтернатива ќе донесе одлука дали да прифати да разговара за соработка и евентуален влез во Владата.
Заев вчера потврди дека во текот на денот имал комуникација Гаши и побарал од него да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од Владата.