Алтернатива влегува во Владата, ќе бара меѓународен мониторинг за „Монструм“

by Fokus

Централното собрание одлучи со мнозинство гласови одлучи да се приклучи на актуелната Владата, рече Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива.

Тој кажа дека пред сѐ причини за ваквата одлука се почетокот на преговорите со ЕУ и решавање на спорот со Бугарија. Договор имало и за меѓународен мониторинг за „Монструм“, прегазувањето на Алмир Алиу и така натаму.

-Постигнувањето на овие договори е победа за Албанците во Македонија. Алтернатива успеа да докаже дека таа не е декор, рече тој.

Ќе се превземат значајни обврски за здравството, но и поддршка на животот во државата.

Поврзани новости