„Само неколку дена откако 24-годишниот внук на Али Ахмети го купи трговскиот центар `Соравија`, уште еден внук на Али Ахмети е назначен за прв секретар на Амбасадата на Северна Македонија во Брисел. Откако се покажа дека Дрин Ахмети има `посебни деловни вештини`, другиот внук, Бесијан Ахмети, произлезе дека има `посебни дипломатски вештини` и тоа било причината поради која беше назначен во дипломатијата и покрај тоа што неговиот стаж е помалку од една година, а дипломатското искуство е НУЛА. Секако, во овие случаи поважно од сè е презимето Ахмети и семејната врска со Али Ахмети“ соопштија од опозициската партија Алтернатива.
Алтернативците со став „наместо Бујар Османи да унапредува и именува во дипломатијата десетици искусни Албанци, кои со години се шетаaт по ходниците на МНР и никој не им обрнува внимание, тој се одлучува за еден сосема нов и неискусен човек и го праќа во главниот центар на дипломатијата“.
„Ова, освен што е штетно за дипломатијата на нашата земја, освен што произведува лоша слика за Северна Македонија, туку е и разочарувачки за секој млад Албанец, кому не му чичко Али Ахмети и кој го нема презимето Ахмети. Затоа, не можеме да не се прашуваме `Уште колку внуци му останале на Али Ахмети?`, за некогаш да им дојде редот и на другите млади Албанци. Како и да е, Алтернатива бара истрага за назначувањето на Бесијан Ахмети во амбасадата во Брисел, како и објаснување и одговорност од министерот за надворешни работи за ова назначување“ велат од партијата.