851
Откако владејачките ДУИ и БЕСА вчера отворено порачаа дека немаат ништо против Алтерантива да влезе во владата, партијата на Африм Гаши денес возврати дека не е заинтересирана за таква можност.
-Ние немаме причина да и помогнеме на една влада кога е во слободен пад – велат од Алтернатива, додавајќи во рамки на партијата и коалицијата со Алијанса за Албанците не разговарале за поддршка во вториот изборен круг од локалните избори.
По контактите меѓу АА и БЕСА за поддршка на Биљал Касами во Тетово, власта почна да пушта сигнали дека Алтернатива ќе влезе во владата за да го зајакне мнозинството или пак да го компензира евентуалното излегување на БЕСА, но засега таквата можност ја отфрлуваат од партијата на Гаши.