Алернатива денеска одржа состанок на Централното претседателство кое го овластило претседателот Африм Гаши да разговара за „било каква коалиција, во и надвор од Парламентот“.
-Освен дискусиите за актуелната политичка состојба во нашата држава, како што се уставните измени, уставниот амандман предложен од Алтернатива за борба против корупцијата, како и евроинтегративниот пат, во фокусот на овој состанок беше и темата за евентуалната соработка на опозицијата.
Во оваа прилика Централното претседателство, го овласти претседателот Африм Гаши да разговара за било каква евентуална соработка, било тоа да е во рамки на парламентот или друга за коалициона соработка. За едно нешто сме сигурни. Граѓаните бараат и очекуваат промена и ние сме обврзани да одговориме пред нивните барања. Пред нас се неколку предизвици, а Алтернатива уште вечерва покажува целосна подготвеност за соработка во интерес на граѓаните. За сите детали ќе бидете информирани во иднина, се вели во соопштението од партијата.