Алтернатива: Меџити самиот потврдува дека се исплатени парите за модуларните болници

by Fokus

Од политичката партија „Алтернатива“ велат дека самиот министер за здравство Фатмир Меџити потврдил дека се исплатени пари кон компанијата „Брако3 за модуларните болници.

„Веќе неколку дена поранешниот министер за здраство Беким Сали, и актуелниот министер Фатмир Меџити се прекупуваат во врска со неисплатата на компанијата БРАКО која ја има изградено модуларната болница во Тетово, а која како што се гледа во документарецот на ИРЛ е изградена надвор од сите стандарди“, велат од Алтернатива.

Од партијата велат дека за ова прашање поранешниот министер Сали, има информирано дека побарал внатрешна ревизија каде што се детектирани неправилности и наредил да не се врши исплата кон БРАКО.

„Од друга страна актуелниот министер Фатмир Меџити, се до вчера негираше дека Министерството за здраство со наредба на Владата има дадено пари на БРАКО за модуларните болници, вклучувајќи ја и модуларната болница во Тетово“, се вели во соопштението од Алтернатива.

Од Алтернатива постеуваат на неговата изјава дадена претходно.

“Седнавме со сопствениците од компанијата, се договоривме да ги тргнат каматите, спогодбено да се исплати тој износ, тоа што имаат изградено, тоа што е во ред, а за другото да се тргнат од тоа што го бараат. Тоа го поминавме на Влада, како информација и за тоа добивме поддршка“,  потсетува Алтернатива на изјавата на Меџити.

Поврзани новости