Алтернатива: Кога претставниците на ДУИ се перчат со УЧК и споменици тоа е нормално и законски

by fokus

Алернатива попладнево ја „поздрави“ реакцијата на вицепремиерот Артан Груби кој го критикуваше веењето на знамето со голема Албанија во Тетово.

-Ја поздравуваме реакцијата на Груби. Нема поголема услуга од овој доказ и потврда дека ДУИ се невидени лицемери и подобни Албанци за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Кога претставниците на ДУИ се перчат со УЧК, споменици, знамиња…тогаш тоа е нормално, уставно и законски за институциите. Критиките за наводниот наратив за “Голема Албанија” е одраз на стравот на ДУИ од изборен пораз, кој неминовно следи. Обединувањето на Албанците во културолошка и духовна, а не во територијална димензија, е сржта и фундаментот на самата ЕУ. Никој да нема дилема дека обединетата албанска опозиција е директен чинител за остварување полноправното членство во ЕУ. За разлика од некој други ние никогаш нема да ги злоупотребуваме ЕУ и стратешкото сојузништво со САД за коруптивни зделки и лична корист, порачаа од Алтернатива.

Поврзани новости