730
Некогашниот министер за здравство, Имер Селмани во емисијата 24 Анализа на ТВ 24 истакна дека државата е пред голем предизвик дали ќе се продолжи со новото парламентарно мнозинство со постоечката власт иули ќе се оди на брзи парламентарни избори.
– Или ќе имаме ново неубедливо големо мнозинство, но и тоа е кревко. Анализирајќи ги сите постапки на Алтернатива и нивното искуство од пред неколку години кога беа во коалиција со ДУИ и СДСМ, очекувано беше дека тие ќе поставуваат многу ситни фини теми од стратешки концепт. Алтернатива концепциски нема многу разлика во однос на програмските ориентации на СДСМ и ДУИ, но ќе се очекува да сакаат да внесат нешто ново.- вели Селмани.