Политичката партија Алтернатива ја откажа седницата на Централното претседателство која беше закажана за денеска, а на која се очекуваше партијата да дискутира и да одлучи дали ќе се приклучи кон парламентарното мнозинство и ќе влезе во Владата.
Откажувањето на состанокот, како што велат оттаму, е во знак на солидарност со жртвите од трагедијата во Бугарија и нивните семејства.
Изразуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваме брзо враќање во нивните животи, велат од Алтернатива.
Партискиот лидер Африм Гаши во петокот имаше средба со премиерот Зоран Заев на која разговараа околу евентуалниот влез на Алтернатива во владејачката коалицијата. Состанокот тогаш траеше неколку часа и заврши без конкретен договор, а двајцата лидери најавија дека ќе ги продолжат разговорите оваа недела.