„Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, со уставните измени, да се промени и унитарниот модел на државата, според хрватскиот модел, така што преамбулата на Уставот да биде во духот на зајакнување на македонската национална држава, иако доаѓа во време кога оваа партија мисли само на електорални придобивки, ние мислиме дека ако има такви предлози и подготвеност, ова отвара можност за сериозно отворање на нашата тема за редефинирање“. Ова е ставот на опозициската партија Алтернатива.
Оттаму сметаат дека „иако предлогот на македонската опозициска партија е ретрограден и како таков е неприфатлив за нас, сакаме да ја потсетиме јавноста дека, Алтернатива – гледајќи ја асиметријата што постои меѓу мултиетничкото општество и моноетничката држава – одамна предложи да се направи редефинирање на преамбулата на Уставот, на начин што таа би го одразувала општеството на нашата земја. Затоа, ние сме побарале, во услови на мир и без ниту еден притисок, да ја отвориме оваа тема и да дискутираме дали сме успеале да изградиме кохезивна држава помеѓу општеството и државата“.
„Гледајќи дека Северна Македонија има едно поголемо мнозинство (етничките Накедонци- 54%), второ мнозинство (Албанците 30%) и група на малцинства (6-7%), нашиот предлог бил Северна Македонија да се дефинира како `држава на македонската нација, албанската нација и другите етнички заедници“`. За да биде креативна во оваа тема, Алтернатива, има и друг предлог, тоа е Северна Македонија да се дефинира во својата преамбула како „држава на нејзините граѓани“, остранувајќи ги сите етнички атрибути од градењето на државата“ се вели во соопштението на Алтернатива.