398
Од Алтернатива денеска реагираат по повод оставките на министрите на ДУИ.
„Денешната дволичност на Ахмети, Груби и нивните кланови сведочи за неколку работи. Прво, дека парламентарното мнозинство е далеку од 2/3 мнозинство за посакуваните уставни измени.
Второ, се чинеше дека Ахмети, Груби и нивните кланови беа во паника за тоа што ќе се случи следно.
Трето, по веќе виденото ПР-сценарио на лажно херојство, како „Зошто да не“, повторно се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од нивните коруптивни и политички дамки“, велат од Алтернатива.