Алтернатива допрва ќе одлучува дали ќе остане во Владата со Алијанса

by fokus

Алтернатива ќе одлучува дали ќе остане во Владата откако влезот на Алијанса за Албанците во Владата ќе се формализира. Ова за „Фокус“ го изјави портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани.

-Ние одлука ќе носиме откако новата коалиција ќе се формализира, кусо одговори Муртезани на прашањето дали остануваат дел од Владата и кои нивни директорски места ќе преминат кај новиот владин партнер Алијанса за Албанците.

Токму директорското место на Муртезани во МЕПСО се споменуваше во комбинаториките како едно од местата кои можат да преминат кај Алијанса, заедно со ПИОМ, Пошти и Железници.

Претседателот на Алијанса за Албанци Арбен Таравари по вечерашаната седница на највисокото партиско тело во Тетово потврди дека неговата партија влегува во Владата.

Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата.

Како што сподели Таравари, Министерство за здравство, Министерство правда , Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори , што ќе ѝ припаднат на Алијансата.

Катерина Смилева Божиновска

 

Поврзани новости