93
Алтернатива денеска ќе одржи вонреден изборен конгрес, откако по изборот за претседател на Собранието, Африм Гаши поднесе оставка на челната позиција во партијата. До изборот на нов претседател, вршител на должност во партијата е Беким Сали.
Првиот дел од вонредниот конгрес ќе биде отворен за јавноста, а потоа до изборот на нов претседател, тој ќе биде затворен за јавноста.