Алтернатива: Дали ДУИ го слави раселувањето на над 300 илјади Албанци за време на нивното владеење?

by fokus

Од политичката партија Алтернатива денеска преку соопштение прашуваат што слави ДУИ за роденденот од 21 година на партијата.

-Знаеме дека овие луѓе одамна го прекинаа контактот со реалноста и со проблемите на луѓето што ги претставуваат, но не можеме да не се запрашаме што слави ДУИ денес? Дали се слави инфериорноста на именувањето на албанскиот јазик во Уставот?

Дали слават за раселувањето на над 300 илјади Албанци за време на нивното владеење? Дали ја слават диференцијацијата на Албанците и нивниот дискриминаторски третман? Или можеби го слават неправедното судство од кое и понатаму страдаат Албанците? Дали ДУИ го слави застојот во образованието, каде на децата Албанци сè уште им недостасуваат учебници или оние што ги имаат се полни со грешки и навреди кон Албанците.

Можеби го слават тоа што мнозинството Албанци не можат да врзат крај со крај поради енормните поскапувања и неуспесите на оваа партија во економијата?

Или едноставно се слави астрономската корупција на машинеријата за збогатување преку ноќ наречена ДУИ?, велат од Алтернатива.

Тие бараат ДУИ да им се извини на Албанците што, како што велат, 21 година на власт не успеа да ги претставува со дигнитет и да го регулира нивниот државотворен статус во државата, не успеа во економијата и благосостојбата и го спонзорираше празнењето на Северна Македонија од Албанците со нејзиното слабо владеење.

Поврзани новости