„Како што соопштија медиумите, нападот на Израел врз Појасот Газа, со цел одмаздување кон неодамнешниот напад на Хамас, од денес зазема тешки размери“ соопштија вечерва од опозициската Алтернатива.
„Израелскиот напад опфатил бомбардирања на болници, училишта и населени згради, извршувајќи при тоа убиство на повеќе од 3000 цивили, од кои околу 1000 се деца, а над 1000 се жени. Освен нив, преку 1 милион луѓе се веќе преселени од нивните домови или се останати без кров над глава. Но, фактот што вечерва на нападот врз болницата „Ал Ахли“ во Газа се убиени над 500 цивили, треба да биде последниот аларм за светот дека осветувањето го допира дното“ велат од опозициската партија.
Порачуваат дека „како партија која се залагаат за почитување на човечките права, без обѕир на нивниот етнички и религиозен идентитет, Алтернатива смета дека тоа што се случува во Газа зазема размери на воено злосторство, кое утре може да се третира и како геноцид“.
Алтернатива го повика цивилизираниот свет да не дозволи еден нов холокауст, за кој утре може да жалат сите.