Истражните органи продолжуваат да молчат пред силните сомнежи за можна злоупотреба на милиони евра од страна на членовите на семејствата на функционерите на ДУИ, вклучително и членовите на семејството на Али Ахмети, стои во соопштението до јавноста од политичката партија Алтернатива.
„Секој ден гледаме нови индиции за криминалот и корупцијата на високите функционери на ДУИ и членовите на нивните семејства. Бараме правосудните органи да ги истражат сите индиции и да го докажат потеклото на имотот на оваа династија, создадено на грбот на проблемите на Албанците. Се чини дека ДУИ била добро обучена за време на режимот на Груевски. Тогаш беа Груевски и фамилијата, сега се Ахмети и фамилијата, Груби и фамилијата, Мерко и фамилијата. Како ДУИ да беше огранок на Коза Ностра, а не политичка партија“, стои во соопштението на Алтернатива.
Според оваа политичка партија јасно е каков е гласот на раководството на ДУИ за ветинг.
„Ова беше политичката измама на векот. За да се сокрие богатењето на семејствата на ДУИ, мораше да се истражи имотот на сите други, освен нивниот. Овие индиции за корупција, спротивно на вредностите на ЕУ и НАТО, се најсилната потврда дека предлог-уставниот амандман на Алтернатива го удира во срце политичката корупција на високо ниво“, соопшти Алтернатива.
Според оваа политичка партија кога ќе се овозможи кривичните дела вршени од избраните и именуваните лица никогаш да не застарат, тогаш ќќ бидеме сигурни дека нема спас дури и за оние кои можат привремено да влијаат врз одлуките на истражните органи.
„Едно е сигурно: Кралот е гол, додека Албанците веќе гласно зборуваат за ова“, соопшти Алтернатива.