Екс шефот на кабинет бара оставка од Сали

by Fokus

Огранокот на партијата Алтернатива од Чаир бара оставка од првиот човек на Министерството за здравство, Беким Сали.

На денешната прес-конференција Меритон Сивули истакна дека во партијата се загрижени и незадоволни од партиските цена на министерот Сали.

„Со голема огорченост ве известуваме дека сите точки кои не дефинираат како Алтернатива, се погазени токму од министерот Беким Сали, а пак тоа не натера да реагираме до претседателот на партијата, Африм Гаши“, вели Сивули.

Откако актуелниот министер за здравство Беким Сали седна на министерското столче, Сивули стана негов шеф на Кабинет.

Пред извесно време, Сали го разреши од функцијата, но тој во изјава за „Фокус“ не ги појасни точните причини.

 

Поврзани новости