Пациентките кои се снимани се нечии мајки, сопруги, ќерки, личности со емоции на кои ни криви ни должни им се наруши приватноста, а ваков распад на јавното здравство е невиден, реагираат од Алтернатива и го осудуваат случајот со тетовскиот анестезиолог кој снимаше пациентки и ги објави на ТикТок.
-Уверени сме дека ова е последица на некадарноста на Алијанса да се справува со системските слабости во ресорите кои ги бараа и добија. Ниту едно оправдување не држи. За скандалот да биде уште поголем, лекарот кој го снимал видеото е сликан со министерот за здравство при негова посета на болницата во Тетово. Насмеан и среќен. Во цивилна гардероба што укажува дека е можно да не бил на работа туку специјално се појавил за министерот.Почитувани граѓани, занимавањето со политика не се само кадровските комбинаторики. Политиката е сериозна професија и не е за секого. Вие не заслужувате ваква неодговорна власт. Г. Таравари не е од вчера за да не знае што е политичка и морална одговорност. Беше министер за Здравство, работи како лекар во Клинички центар и однапред требаше да знае што значи раководење со ресорите со кои го условуваше влезот на Алијанса во Владата, велат од Алтернатива.
Тие побараа и политичка одговорност за вакви скандали кои се надвор од сите етички стандарди за лекарската професија и побараа Министерот за здравство веднаш да го разреши директорот на болницата во Тетово.