Алсат: Oпределен 30-дневен притвор за Едмонд Темелко

by fokus

Основниот суд во Скопје го прифати барањето на Специјалното обвинитество и му определи 30-дневен притвор на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, дознава Алсат-М.

Тој е обвинет во случајот Титаник со евентуални изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Неофицијално се дознава дека и покрај тоа што имал забрана да не ја напушта Македонија, Темелко во изминатиот период неколкупати ја минал границата користејќи албански исправи за идентификација.

Во споменатиот судски случај на Специјалното обвинителство се обвинети и неколку други политичари. Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.

Поврзани новости