Александрова бара Милошоски да ја ослободи партијата, тој ја обвинува дека го штити Мијалков

by fokus

Пратеничката од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова го повика нејзиниот колега од поранешната матична партија, Антонијо Милошоски да ја напушти и ослободи партијата, бидејќи битката за за овој закон ја претворил во лична битка.

-Многу ми е жал, но морам да констатирам дека како поранешен мој идол во ВМРО-ДПМНЕ имате ретроградни процеси. Не кажавте ништо за законот, немате никакви аргументи. Овој закон го претворивте во ваша лична борба. Со кое право вие ја заложивте цела партија. Таму сте само за привилегии. Немате никакво право, ослободете ја партијата“, му порача Александрова.

Таа еднаш беше прекината бидејќи порача дека во оваа дебата гледа очајници кои сакаат да се спасат од затвор, со образложение дека навредувала. За тоа реагираше и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески.

Веднаш за реплика се јави пратеникот Антонијо Милошоски и порача дека Александрова се ободувала да го спаси поранешниот директор на УБК, Саш Мијалков. Тој обвини дека овој закон се носел за да се спасо од затвор Мијалков кој бил братучед на сопругот на Александрова, а неа ја вработил во УБК.

-Законот треба да се донесе за да нема казнивост за луѓето кои прават бизнис од двете структруи, поради бизнис партнерите, Саш Мијалков и Вице Заев, рече Милошоски.

Дебатата за законот за јавно обвинителство почна денеска, но досега помина во меѓусебни партиски обвинувања.

 

Поврзани новости