613
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно ќе биде тенисер број еден во светот.
Јаник Синер го елиминираше Карлос Алкараз во полуфиналето на Мастерсот во Мајами и му помогна на Новак Ѓоковиќ повторно да стане тенисер број еден во светот.
По нешто повеќе од три часа игра Синер беше подобар од Алкараз со 6:7, 6:4, 6:2 или 2-1 во сетови.
Да потсетиме, на Шпанецот му беа потребни уште две победи за да остане на првото место на АТП листата, но беше запрен во полуфиналето на Мајами и Новак Ѓоковиќ ќе се врати на првата позиција на АТП листата.
Синер во финалето ќе игра против рускиот тенисер Даниел Медведев, кој беше подобар од Карен Хачанов, исто така со 2-1 во сетови, 7:6, 3:6, 6:3.