Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 3:0 во сетови (6:2, 6:2, 7:6) полесно од очекувањата го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон кое траеше 2,5 часа.
Српскиот ас не успеа да го освои својот осми трофеј на Вимблдон, односно 25-ти грен слем во кариерата што ќе го направи неприкосновен во светскиот тенис, а треба да се напомене и дека 21-годишниот Алкараз денеска го одигра веројатно најдобриот меч во кариерата.
По мечот Ѓоковиќ имаше само пофалби за противникот:
„Тоа не беше резултатот што го посакував. Нивото на тенис што го играв не беше добро и Карлос навистина играше многу добро и е комплетен играч, покажа сè. Се обидов сè, спасив три меч топки и тоа не беше замислено. Целосно заслужена победа и големи честитки до неговиот тим, неговото семејство, вие правите одлична работа… Горд сум на себе и морам да бидам. Очигледно сум малку разочаран во моментов бидејќи разговараме десет минути по натпреварот, но кога ќе се вратам на филмот што се случи во последните 4,5 недели и што поминав, морам да бидам задоволен затоа што отсекогаш ми бил детски сон да играм на централниот терен на Вимблдон и се обидувам да се потсетам колку е нереално чувството да се биде овде иако имам одиграно толку многу натпревари на Вимблдон. Секој пат се чувствувам како како дете што повторно го живее сонот“, изјави Ѓоковиќ.
Алкарас, пак, кој се уште е непоразен во финалињата на грен слем турнирите, има скор од 4-0 по мечот изјави:
„Пресреќен сум, ова е можеби најдобриот турнир што досега го одиграв во кариерата. Му благодарам на Новак, тој е вистински лидер и мотиватор и мислам дека сите можат многу да научат од него. Одам малку да се одморам и ќе се подготвам за големото финале меѓу Шпанија и Англија. Јас својата работа ја завршив, сега чекам моите сонародници да се закитат со европската титула и сите заедно да ги славиме овие огромни успеси“.