320
Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз обезбеди медал на Олимписките игри во Париз!
Третопласираниот светски тенисер денеска лесно и убедливо во полуфиналето го совлада Феликс Огер-Алијас (6:1, 6:1) и се пласираше во финалето.
Денеска Алкараз беше доминантен од првиот поен – по воведните минути Шпанецот врза пет гема и водеше со 1:0 во сетови.
Идентична ситуација беше забележана и во вториот сет – по 1:1 Алкараз повторно врза пет гема и се пласираше во следната рунда.
Во финалето Алкараз ќе игра со подобриот од мечот во кој вечерва се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети.
Поразениот од тој дуел ќе игра против Огер-Алијас за бронзениот медал.